true-love-tinder-robot

Роботите напредуваат, ние напредуваме, технологијата напредува и ништо не запира во тој правец. Целиот напредок почнува да изгледа како позадински шум кој се` потешко можеме да го следиме. Пред дваесеттина години имаше само електронска пошта и Yahoo. Пред десеттина години имаше само Google, MySpace и Hi5. Денес има Facebook, AliExpress, Tinder и – роботи кои место вас одобруваат или одбиваат на Tinder.

Ок, се работи за еден робот наречен True Love Tinder Robot (TLTR), а работи на следниот начин. Го сместувате вашиот телефон во неговиот држач. Потоа ги сместувате рацете во металните отвори. Овие отвори можат да ја детектираат електрокожната активност од вашите раце, која се менува кога сте возбудени или гледате предмет од интерес, како некој привлечен лик на другата страна.

Користејќи ги овие информации преку алгоритамот TLTR толкува дали ви се допаѓа ликот на екранот или не, и со помош на сервомотори ги мрда механичките раце кои лизгаат налево или надесно по екранот. Во меѓувреме роботот ви пружа досетливи егзистенцијални коментари како: „дали можеш да си го замислиш животот со него/неа?“ или „процени го/ја подобро“.

TLTR е настанат како проект на Никол Хе, студент на Универзитетот од Њујорк на Програмата за интерактивна телекомуникација. Според нејзе, идејата е да се испитува дали роботите во иднината ќе можат да го превземат правењето на романтични одлуки место нас и дали луѓето ќе се чувствуваат комфорни со тоа сознание. Вие што мислите?

Извор: Mashable, Nicole.pizza: TLTR

Претходна статијаДостапен Firefox 43 со првата 64-битна верзија за Windows
Следна статијаКако да ја вклучите темната тема на Windows 10 ?