Samsung

Star Wars: The Rise of Skywalker треба да излезе во кината на 20 декември, а ова ќе биде и последната, деветтата епизода од „Скајвокер сагата“. Исто така, ова е третата епизода од продолжетокот на старите филмови.

Samsung во соработка со Lucas Films ќе претстави ограничена количина од нивниот Galaxy Note10+ во посебна „Star Wars Special Edition“ верзија. Оваа верзија од телефонот ќе биде претставена во декември и ќе може да се купи, покрај во ограничена количина и во ограничен број на пазари во светот.

Star Wars верзијата од Galaxy Note10+ ќе дојде во посебна боја, црна со црвени делови, а во пакувањето ќе има и посебна верзија од Galaxy Buds, како и посебен беџ за фановите. Софтверот на телефонот исто така ќе дојде со посебни теми, икони, звуци и слично.

Во продолжение официјалниот трејлер од Star Wars: The Rise of Skywalker и потсетување дека ќе можете да го гледате филмот при крајот на идниот месец.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаApple најави настан за 2-ри декември
Следна статијаПо долго време во бета, Brave интернет прелистувачот ја доби својата прва официјална верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.