Toyota минатиот месец го прикажа својот концепт за тоа како ги замислува градовите во иднина. Од компанијата дури ќе изградат мал пример за ваков град идната година, во подножјето на планината Фуџи на површина од 175 акри.

Градот треба да претставува и место каде дополнително ќе се развиваат технологиите потребни за функционирањето на едно вакво населено место. Во него ќе живеат вработени од Toyota, како и научници, а целиот проект од компанијата го отвораат за сите кои се заинтересирани да придонесат.

Како што би се очекувало, еден ваков град кој се нарекува од иднината, е полн со зеленило, отворени градби во кои дневното светло влегува максимално, јавен превоз, електрични возила и слично.

Градот го носи името Woven City, а во продолжение видео од тоа како е замислен да изгледа и функционира.

ИЗВОРToyota
Претходна статијаАБИТ официјално стана дел од високообразовната групација на германската установа Хајделберг
Следна статијаSamsung и LG работат на преносни екрани за мобилните телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.