АБИТ официјално стана дел од високообразовната групација на германската установа Хајделберг

Академијата за банкарство и информатичка технологија, АБИТ, од 01.02.2020 година официјално стана дел од групацијата на високообразовната германска установа „Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје“

Скопје (14.02.2020) – Според четвртата седница на Деканската управа на високообразовната германска установа „Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје“, одржан на ден 22 ноември, 2019 година, во „ФОРУМ Институтот за менаџмент“ од Хајделберг (С. Р. Германија) се донесе стратешки план за кооптација со Управниот Одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ.

Институцијата е регистрирана во 2017 година во Скопје, како приватна научна установа во доминантна сопственост на две германски компании и тоа: ФОРУМ Институт за менаџмент од Хајделберг (FORUM Institute for Management Ltd., Germany) и C&MEA-Controlling & Management Excellence Academy GmbH, од Визбаден, Германија.

На седницата беше потврдено целосното учество на германскиот Институт под водство на проф. д-р Улрих Зеител, кој им големо искуство и придонес во германската економија и политика воопшто, во превземањето на капиталот на АБИТ.

Благодарение на успешноста на македонскиот пазар во изминативе години, проф. д-р Зеител на седницата на Деканската управа, ја потврди одлуката за преземање на АБИТ од страна на неговата филијала во Скопје, во партнерство со проф. д-р Роналд Глеих (Декан на EBS Executive School, како дел од угледниот и високо рангиран во Германија „EBS Универзитет“). Со тоа, АБИТ стана дел од германското семејство за стручно образование во земјите од Западен Балкан.

„ФОРУМ Институтот за менаџмент прави размена на информации меѓу носителите на одлуки во економијата, светот на финансирање и главните креатори на политики. Главно, тоа го постигнуваме преку организирање семинари и конференции за носители на одлуки во различни сектори, при што особено внимание посветуваме на квалитетот на говорниците. Им придаваме еднакво значење на сите организациски детали, за да им обезбедиме на учесниците софистициран амбиент, што е соодветен за дискусија и решавање на главните прашања.

За таа цел, како дел од стратегијата на нашиот Институт во Хајделберг, во 2017 година донесовме одлука да основаме во Скопје, прва во регионот, германска високобразовна установа во доминантна сопственост на две германски компании.

Новоформираниот Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје има за цел да ја направи токму оваа експертиза достапна во странство.

Со оглед на веќе одличниот трансфер на банкарски знаења во АБИТ, кој сега е кооптиран со нашиот Институт, оваа можност ќе ја прошириме на носителите на одлуки во македонската банкарска индустрија и последователно, на оние во соседните земји. Првенствено, ова ќе биде во контекст на правата од индустриска сопственост, човечките ресурси и сметководство, како и контролингот и даноците.

На долг рок, ова ќе се прошири и на понатамошни прашања поврзани со индустријата, како што се оние во фармацевтската индустрија.

„Моето големо професионално искуство ми покажа дека една компанија може да работи успешно во понатамошното образование, ако нејзините креативни умови темелно ги разбираат економските проблеми на компанијата и ги планираат своите производи со своја експертиза и свое разбирање. Токму тука, во Институтот во Скопје, моето надворешно искуство и асистенцијата можат да помогнат многу на почетокот – искуство што го стекнав во текот на мојот мандат како управен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент.“ – изјави Проф. д-р Улрих Зеител, директор на ФОРУМ Институт за менаџмент од Хајделберг (С.Р. Германија) и претседател на деканска управа во Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје

Тој e ко-основач на „ФОРУМ институтот за менаџмент“ во 1979 година во Хајделберг, кој што во Германија важи за еден од најдобрите помагатели на стручно образование, со преку 100 вработени, 15 милиони евра приходи годишно и повеќе од 4.500 настани во годината.

Претходна статијаРСБСП: Срце си што не возиш пијан
Следна статијаToyota ја прикажа својата визија за градовите на иднината, а мал пример планира да изгради идната година