За само неколку недели, глобалната пандемија од Covid-19 направи бизнисите ширум светот да се префрлат во „посебен режим“. Ако овој период на социјална изолација нè научи нешто, тоа е дека секогаш мора да имаме алтернативен начин за извршување на работата. Со напредокот на дигитализацијата сите контакти, сите соработници, па и целиот свет, ни се достапни преку екраните на смартфоните и компјутерите, а сè што ни е потребно е само стабилна интернет врска. Затоа, време е да го префрлите вашиот бизнис онлајн.

Интернетот е најважниот бизнис партнер

Промената започнува од назначувањето на интернетот како главен бизнис партнер за време на пандемијата. Сите деловни состаноци и работни посети можете да ги претворите во Zoom видео-повици и мејлови, а ваквиот начин на работа, иако е привремена алтернатива, може да прерасне во трајно решение кое масовно ќе се применува во иднина.

Дозволете дигиталните алатки да ви помогнат во работата: потпишувајте документи од дома со дигиталните сертификати на Македонски Телеком

Време е да го направите првиот чекор и да станете дел од дигиталната револуција. Бидејќи инструкциите се сите да останеме дома за да останеме безбедни, искористете го тоа и целосно дигитализирајте го работниот процес. Големите компании веќе нудат поволности за полесно дигитализирање на бизнисите: Македонски Телеком им овозможи на деловните корисници поднесување барања и договори за Телеком услуги преку порталот за електронско потпишување на корисничките документи. Корисникот, единствено треба да поседува дигитален сертификат за електронски потпис. Така, документите ќе останат безбедни, доверливи и автентични, без притоа да имате потреба да го напуштите домот.

Покажете им на клиентите и на вработените дека се грижите за нив

Одржувањето на успешен бизнис е подеднакво важно колку одржувањето на добра репутација кај клиентите и вработените. Затоа, претстојниот период избегнувајте непотребни состаноци и работете дигитално. Дали ќе одлучите да воведете некој нов начин на бесконтактно плаќање или пак, ќе понудите некое иновативно решение, крајната цел е да се зачува колективното здравје и да се намали ризикот од ширење на вирусот. Во овие моменти е исклучително важно да се пренесе пораката дека секој кој #СедиДома лично придонесува кон заедничката цел, а вашиот бизнис како учесник во општеството има задача да постави пример за останатите.

Претходна статијаMicrosoft Edge успеа да стигне на второто место и да го помине Mozilla Firefox по бројот на корисници
Следна статијаНајави за поддршка на „виџети“ на главниот екран кај iOS 14