Една од критиките за iOS оперативниот систем кога се прави споредба со Android е немањето доволно можности за прилагодување на главниот екран кој кај iOS е уште од самиот почеток место само за иконите и ништо друго.

За разлика од оваа платформа, Android од почетокот се „гордее“ на слободата и можностите кои им ги дава на своите корисници да го организираат својот главен екран според нивните желби и потреби, а една од главните работи во ова се таканаречените „виџети“ кои може да се постават место иконите.

Според неофицијални информации, поточно од „знаци“ кои може да се најдат во кодот на iOS 14, оваа платформа можеби ќе почне да им нуди можност на корисниците да постават виџети на главниот екран.

iOS сепак има виџети веќе одреден период, но тие прво се прикажуваа како дел од центарот за нотификации, за да после бидат префрлени на свој посебен дел до кој се доаѓа со повлекување на десно од главниот екран.

Кај iPadOS овие виџети може да бидат поставени да стојат цело време на дел од главниот екран, но сепак повеќе прилагодувања и поместувања не се можни.

Според информации кои ги објави 9to5Mac, Apple можно е да воведе класични виџети, односно како што тие ги нарекуваат, вистински виџети. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ги постават каде сакаат, еден по еден, како што е случајот со Android.

Повеќе информации за ова се’ уште нема, а се нагласува дека сепак Apple може да се одлучи да не ја воведе оваа новина кога ќе ја пушти 14-та верзија од оперативниот.

Покрај оваа новина, се најавува и дополнување на прилагодувањата во делот за позадини. Сликите кои се дел од системот ќе бидат поделени во категории за полесно пребарување, а ќе бидат додадени и нови можности како затемнување на позадината, избор само на боја, како и заматување на истата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статија#ОстаниДома и управувај со бизнисот преку интернет
Следна статијаБил Гејтс ќе вложи милијарди долари за изградба на фабрики за тестирање на 7 различни потенцијални вакцини за COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.