После последните подготовки и тестови кои започнаа изминатото лето, Boeing конечно доби дозвола за нивниот 737 MAX да се врати во функција. Ова значи дека авиокомпаниите кои го имаат овој авион, повторно ќе можат да го користат во нивните комерцијални летови, а ќе видиме дали ќе има некакви проблеми со желбата на луѓето да летаат со овој авион.

Има најави дека по добивањето на дозвола од американската FAA, истото ќе го направат и властите во неколку други региони од светот, со што овој авион ќе може слободно да лета.

Во основа, покрај промената на софтверот, пилотите ќе треба да ја добијат потребната обука која од Boeing ја избегнаа при претставувањето на авионот. 

Проблемот со 737 MAX беше тоа што Boeing брзајќи да не остане зад најголемиот конкурент Airbus кои во тој период го претставија и успешно го продаваат A320NEO, промените кои ги направи без доволно големи за да е потребна обука на пилотите. Поради тоа што обуката е скапа и одзема време, па авиокомпаниите може да не сакаат да го купуваат авионот, Boeing разви софтвер којшто би требало да реагира во одредени ситуации кои би се случиле поради новите мотори, за разлика од 737 NG и можноста за подигање на носот и губење на висината.

Овој софтвер треба да реагира ако открие дека носот се подига и да направи соодветно прилагодување. Со тоа пилотите би можеле да го управуваат овој авион без обука, исто како претходниот модел.

Сепак, овој систем кој треба да го прилагоди носот, бил направен да добива информација од еден, иако се достапни два сензори за истото. Погрешната информација, како и не знаењето на пилотите за системот, придонесе за двете незгодни кои воопшто не би се случиле доколку Boeing ги има информирано авиокомпаниите за промените.

Сега 737 MAX добива информации од двата сензори, а исто така направена е промена да системот не може неограничено да се вклучува и да им контрира на пилотите. Ова можеби веќе и не е толку важно со оглед на тоа што пилотите сега повторно ќе се обучуваат, нешто што требаше да се направи на самиот почеток.

Според информациите кои излегоа и по сослушувањата од страна на конгресот на САД, FAA има оставено преголема слобода на Boeing, па тестирањата биле правени од страна на вработени во компанијата, наместо оваа државна институција. Ова во комбинација на желбата да не го изгуби пазарниот удел, довеле до тоа да биде пуштен небезбеден авион во употреба.

Семејствата на загинатите патници имаат поднесено повеќе тужби против Boeing и активно водат кампања против летањето со овој авион нарекувајќи го нај небезбедниот авион на пазарот.

ИЗВОРArs Technica
Претходна статијаФИТР стартува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM
Следна статијаИзлезе од печат „Своја“ – првиот роман на Ирена Никола Чаушевска
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.