Скопје, 30 Септември 2022 – Bloomberg Adria, мултимедијална платформа која на локалните и регионалните бизнисмени ќе им ги донесе најрелевантните деловни и финансиски вести, се претстави пред македонската бизнис заедница, на настан кој се одржа вчеравечер во хотел Панорамика.

Како дел од партнерството меѓу престижниот глобален бренд Bloomberg и швајцарската компанија MTel, беа формирани пет уредувачки центри – Љубљана, Загреб, Белград, Скопје и Сараево – каде што повеќе од 130 новинари, аналитичари, финансиски и други експерти дневно преку нивниот телевизиски канал, веб-портал и социјални мрежи ќе работат на подготовка на вести од деловниот и финансискиот свет, придружени со детални анализи за носителите на одлуки и идните лидери на Југоисточна Европа.

Scott Havens, извршен директор на Bloomberg Media, им посака добредојде на присутните преку видео повик. Тој нагласи дека со нетрпение очекува да работи со локален партнер кој ја споделува посветеноста на независното новинарство и верувањето дека паметните идеи и новите перспективи можат да ја обликуваат иднината на бизнисот.

“Потребата од релевантни информации, што бизнис заедницата може да ги најде на едно место, никогаш не била поголема во регионот. И токму во таков момент, Bloomberg Adria пристигна на пазарот како партнер на најголемиот и најпрестижен светски медиум Bloomberg. Доаѓањето на „Bloomberg Adria“ во Македонија е позитивен сигнал за нашиот пазар.  Досегашната работа ни потврдува дека сите пет држави – во овој проект имаат еднаков третман, во поглед на застапеност на нашиот медиум” – изјави Наташа Стојановска уредник и презентер на Bloomberg Adria за Македонија и им посака добредојде на сите присутни на настанот.

“Со големо задоволство ви претставуваме нова регионална мултимедијална платформа со деловни и финансиски содржини. Нашата мисија е да бидеме десна рака на сите оние што носат менаџерски одлуки, тоа се бизнисмени, инвеститори, лидери, односно сите вие кои сакате да добиете детални информации на целиот економски екосистем на настани, не само во нашиот регион туку и глобално. Ние си ја земаме таа одговорност да ве информираме, да анализираме што се случува на паразот и да ви обезбедиме најдобра можна основа за донесување на прави одлуки. Сигурен сум дека заедно ќе успееме да го зајакнеме економскиот имиџ на Македонија а и на регионот во целина.” – изјави Samo Ošina главен оперативен директор на Bloomberg Adria.

“Меѓу вас е еден тим кој започна нова приказна во деловното новинарство. Со овој концепт наречен Digital first, ние ви обезбедуваме квалитетна содржина од 5 земји. Со еден пристап до платформата можете да читате и гледате бизнис деловни вести подготвени од 50 новинари и аналитичари на пазар со над 18 милиони луѓе. Новинарите покрај тоа што ги покриваат актуелните случувања, бараат одговори на клучното прашање зошто – зошто се случуваат работите околу нас, што значи тоа за нас и како треба да се подготвиме за тоа. Со еден пристап можете да следите специјални анализи подготвени од аналитичкиот тим, разговори со претприемачи, деловни луѓе, но и со носителите на одлуки во овие земји.” изјави Daniel Fazlic главен дигитален уредник на Bloomberg Adria.

“Ние во дигиталната редакција на Bloоmberg Аdria во Македонија сме исклучително горди што можеме да ви претставиме што направивме досега и каков е нашиот концепт за работа во следниот период. Bloоmberg Аdria донесе една свежина во македонскиот медиумски простор и јас и мојот тим сме и повеќе од инспирирани, секако заедно со вас да придонесеме за промена на размислувањето и за обработка на економските и на бизнис информациите во земјава. Bloomberg е различен од сите светски медиуми, поради тој аналитички пристап во обработка на информациите и практично оваа редакција овде во Скопје е прва редакција од ваков тип во Македонија и прва редакција што некогаш го користела терминалот на Bloomberg. А терминалот знаете направи една револуција во индустријата и со тоа донесе една транспарентност на финансиските пазари, повеќе од 4 децении веќе тој е врвот на иновативноста, брз пристап на информации, нуди уникатен увид и алатки за тргување кои им помагаат на водечките носители на одлуки да го претворат знаењето во акција.” – изјави Александра Томиќ главен и одговорен уредник Bloomberg Adria Digital

“Ние сме дигитален медиум за кој значаен дел е Северна Македонија, од аспект на телевизискиот и тимот за дигитални медиуми кои се овде во Скопје. Нашиот ден започнува во 7 и сакаме да отвориме теми и вести кои се важни за светот и Европа со цел да креираме реална слика која ќе биде корисна за вас, вие сте тие кои носат важни одлуки од финансискиот и бизнис свет. Бизнис заедницата од регионот разбира дека ние сме платформа која дава можност вие да кажете се што сакате, а ние да прашаме што треба и така да имаме еден цивилизиран дијалог кој е на високо ниво. Нашата содржина е премиум и го претставува регионот на светската мапа.” – изјави Vesna Damjanić, Главен уредник на Bloomberg Adria ТВ

“Bloomberg Adria воведува нов стандард на бизнис информирање, а тој стандард го одржува фактот што сме единствен медиум кој на овој регион има тим на аналитичари. Овој наш тим на ни помогна и да ги подготвиме интервјуата кои до сега беа направени со претставниците од бизнис секторот. За сите вести од нас можете да добиете веродостојна информација,  интерпретација и заклучок, едноставно можете да ги преземете нашите податоци и анализи и да ги вградите во вашето работно планирање.” – изјави Andrej Knez главен аналитичар на пазарот.

Помеѓу говорниците и претставници од Bloomberg Adria, говорник на настанот беше и др. Јелисавета Георгиева – Јовевска, Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, која изјави – “Навистина е чест и одговорност и задоволство да се обратам во име на стопанскaта комора. Импозантно е тоа што го видовме од вас до сега, целиот ваш аналитички тим, сето тоа што го имате како портфолио. Ние, како комора на најуспешните, оваа година славиме 100 години од своето постоење и секако дека сакаме да работиме со проверени и веродостојни информации кои што ќе бидат од големо значење за бизнисот. Чест ни е што врз база на аналитика и веродостојни податоци ќе можеме да учествуваме во јавните дебати, ќе можеме да го креираме мислењето, но секако и да ги подготвуваме и да ги предупредуваме нашите компании за нивните потфати кои ќе ги имаат не само во земјата туку и во регионот. Навистина, уште еднаш од срце ви благодариме што се обративме во име на бизнисот и ве покануваме да бидеме активни чинители во креирање на одлуките кои ќе бидат стратешки за носење на бизнис одлуки.”

Премиерот на државата Димитар Ковачевски, заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, др. Јелисавета Георгиева – Јовевска потпретседател на Стопанската комора на Македонија, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и голем дел од македонска бизнис елита, присуствуваа на настанот на кој се претстави доаѓањето на Bloomberg Adria во Македонија.

Bloomberg Media е водечка глобална медиумска компанија која на носителите на одлуки им нуди актуелни вести, анализи и податоци од деловниот свет, финансиите, технологијата, климатските промени, политиката и други области на бројни платформи. Новинарскиот тим кој обединува повеќе од 2.700 новинари и аналитичари, допира до влијателна публика ширум светот. Платформите на Bloomberg вклучуваат дигитални, социјални и печатени медиуми, телевизиски и радио програми и настани во живо. Bloomberg Media е дел од Bloomberg LP. За повеќе информации, посетете ја https://www.bloombergmedia.com/.

Претходна статијаCloudflare претстави побрза и поедноставна алтернатива на CAPTCHA
Следна статијаTesla го презентираше напредокот во развојот на автономни хуманоидни роботи