Tesla минатата недела на нивниот Tesla AI 2022 настан го презентираа хуманоидниот робот „Optimus“, поточно досегашниот развој кој во иднина е планиран масовно да се произведува и продава. Дека од компанијата работат на нешто ваков беше презентирано за време на Tesla AI 2021, но во меѓувреме направени се доста напредоци.

Optimus е робот кој од компанијата имаат за цел да се продава за помалку од 20.000 долари, што значи би требало да е достапен за повеќето заинтересирани компании. Како што можеше да се види од презентацијата со Bumble C роботот, овие роботи треба да се користат како замена на човекот во одредени активности, од фабрики, па се до достава на пакети во компаниите и слично.

Bumble C беше повеќе способен робот кој се користеше во презентацијата и е изработен со постандардно достапни делови. Optimus е роботот кој треба да биде главниот производ на Tesla и е целосно дизајниран од страна на компанијата, како и изработен со делови развиени од страна на Tesla.

Овие роботи ја користат технологијата која Tesla ја користи во нивните автомобили, а конкретно во системот за автономно возење. На настанот оваа технологија исто така доби посебно внимание како и делот за роботите.

Интересно, Optimus при презентацијата, иако изгледаше доста подобро од Bumble C, не беше уште способен да се движи самиот, па вработените во Tesla мораа да го донесат на посебна платформа. Елон Маск најави дека Optimus треба да почне самиот да се движи во неделите што следат.

Видеото од настанот каде детално се презентира оваа технологија можете да го погледнете на овој линк.

Претходна статијаBloomberg Adria претставенa пред македонската бизнис заедница
Следна статијаA1 Cyber Backup – напредна услуга за сајбер заштита на податоци 
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.