Cloudflare го претстави Turnstile, замена за CAPTCHA која треба да биде паметна, поедноставна и побрза, а исто така и да ја зачува приватноста на посетителите на веб страните. Технологијата зад Turnstile е нешто што од компанија веќе одреден период го користат и развиваат, а сега ја прават достапна за сите заинтересирани корисници бесплатно.

За разлика од CAPTCHA системот кој функционира на основа на внес од страна на корисникот, односно посетителот на веб страната, Turnstile не бара никаква активност од корисниците и проценката ја прави целосно автоматизирано.

Како што на повеќето ви е познато, CAPTCHA бара од корисниците да од повеќе слики ги изберат тие кои од нив се побарани, на пример слики од училишни автобуси или планини и слично.

Оваа активност иако делува едноставна, сепак зема повеќе секунди од времето на корисниците, некогаш и повеќе, а од Cloudflare истакнуваат дека системот се користи и за следење на корисниците во рекламни цели.

Turnstile од друга страна, не бара од корисниците било што да направат, а проценката за тоа дали се работи за вистински корисник ја прави преку активностите кои ги прави корисникот на самата веб страна. Системот е доволно паметен да со помош на JavaScript и други технологии, успее да познае дали активноста на таа веб страна ја прави човек.

На сето тоа, од Cloudflare истакнуваат дека нивниот систем не ја нарушува приватноста на корисниците и не користи „колачиња“ за неговото функционирање.

Turnstile може да функционира и со помош на безбедносни токени кои директно ќе му кажат на системот дека посетителот на страната е човек. Од Cloudflare веќе имаат почнато соработка за овој начин со Apple и нивните iOS и macOS оперативни системи.

ИЗВОРCloudflare
Претходна статијаDeezer музичкиот сервис сега препознава песни преку потпевнување и свиркање
Следна статијаBloomberg Adria претставенa пред македонската бизнис заедница
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.