Верноста на корисниците на Windows 7 кон овој оперативен систем ни е позната на повеќето кои ги следиме овие новости. Овој оперативен систем успеа да го задржи првото место на пазарот, иако е 10 години стар, а Windows 10 постои веќе скоро 4 години.

Windows 7 беше првата верзија од Windows која се покажа како навистина добра и погодена после неколку „дискутабилни“ верзии, а посебно Windows Vista. Кога на тоа ќе се додаде повторно „утнатата“ осмица, не е чудо што Windows 7 остана главниот избор на голем број на корисници, а посебно компании.

Сепак, продолжената поддршка за седмицата, која овозможуваше безбедносни надградби и други исправки, завршува во јануари идната година, па беше очекувано дека постепено бројката на корисници ќе почне да се намалува.

Со цел корисниците да знаат дека се ближи крајот на оваа верзија, Microsoft почна да ги известува корисниците кои имаат можност да ги инсталираат наредните две верзии од Windows, oдносно Windows 8 и Windows 10.

Според компанијата Net Marketshare која е позната по објавата на статистики во ИТ областа, Windows 7 почнува значително да го губи бројот на корисници, додека Windows 10 веќе има досега недостигнат процент на удел на пазарот.

Па така, во март оваа година, Windows 7 имал удел од 36,52%, додека Windows 10 43,62%, што е досега најголемиот пазарен удел за десетката, како и најголема разлика пред Windows 7.

Бројот на корисници на Windows 7 ќе продолжи да опаѓа, иако нема наскоро да се доведе на 0, а Windows 10 ќе има се повеќе корисници, а после скоро 4 години, веќе и вреди да добие шанса од корисниците со најголем скептицизам.

ИЗВОРNet Marketshare
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаШто има Интернетот со економската нееднаквост?
Следна статијаFacebook воведува „Зошто ја гледам оваа објава?“ за подобро информирање на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.