Фото: The Verge

Microsoft го најави крајот на поддршката за Windows 7 при крајот на јануари оваа година. Датата кога овој досега најпопуларен оперативен систем веќе нема да добива поддршка е 14 јануари 2020.

Крајот на поддршката значи дека Windows 7, кој веќе со години не добива нови функции, ќе престане да добива и безбедносни надградби и исправки на грешки. Поддршката ќе може да продолжи само за компаниите кои за тоа ќе треба да платат добра сума, па верувам дека повеќето сепак ќе се решат за надградба на Windows 10.

Microsoft најави, па сега и почна со известување на корисниците на Windows 7 дека се ближи крајот на поддршката за системот. Известувањето ќе започне да се прикажува како „попап“ по инсталација на најновата надградба за системот наменета за тоа.

Самиот попап којшто можете да го видите на сликата погоре, не им препорачува на корисниците да го инсталираат Windows 10, меѓутоа тоа сепак е нивниот единствен избор од Microsoft, а препораката може да се најде на посебно направената страна за Windows 7 корисниците.

Инаку, Windows 10 конечно успеа да го помине Windows 7 како оперативен систем број 1, кога се во прашање десктоп системите. Со крајот на поддршката за седмицата, се очекува понагло зголемување на бројката на Windows 10 корисници до крајот на годината.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.