Минатиот месец се дозна дека корисниците на постари Android уреди, поточно корисниците на уреди со Android 7.1.1 и постари, нема да можат да отворат голем број на веб страни, кратко кажано поради нивниот сертификат.

„Проблемот“ требаше да почне од крајот на јануари идната година, кога овие корисници веќе немаше да можат да ги отворат страните кои се шифрирани користејќи го сертификатот од Let’s Encrypt, кој е и најмногу користен поради тоа што е бесплатен.

Сепак, од организацијата решија да најдат решение да не дојде до ваквиот случај, со оглед на огромниот број на корисници кои уште имаат уред со Android 7.1.1 или постара верзија.

Решението е најдено благодарение на иновативното размислување од заедницата на организацијата, како и партнерите од IdentTrust, истакнуваат од Let’s Encrypt, каде и детално објаснуваат на кој начин е направено ова решение.

Сертификатите на постарите уреди ќе продолжат да функционираат до 2024 година, време до кое веруваме дека повеќето корисници ќе купат понови уреди, па процентот значително ќе се намали на тие кои уште имаат до толку стар уред.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаPrivacy Sandbox почнува да станува дел од Google Chrome за почеток во тест верзиите од прелистувачот
Следна статијаApple планира да започне со производство на автономно возило со нова технологија за батерии во 2024
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.