Shutterstock.com

Со години веќе се чека на некакво официјализирање на работата која Apple ја има започнато во областа на автономни возила. Оваа компанија веќе со години ги менува стратегиите, вработените, како и лидерите на тимот кој треба да даде некаков резултат во оваа област, но многу малку е излезено како официјална информација.

Според повеќе извори на Reuters, работата во оваа област е стигната во понапредна фаза и веќе можеме да очекуваме и некаков официјален резултат. Според нив, тоа ќе биде во форма на претставување на официјално возило од компанијата кое треба да почне да се произведува во 2024 година.

Иако се очекува да видиме автомобил со логото на Apple, сепак од изворите не се исклучува можноста да сепак Apple само го развие решението за автономно возење кое ќе се користи од веќе постојните производители на автомобили.

Втората можност може да се смета како нешто што реално се разгледува во компанијата, со оглед на тоа дека влегувањето на пазарот на автомобиле не е нешто едноставно и бара големи ресурси, кои сепак Apple не може да се каже дека ги нема. Проблемот е што не секогаш е се до парите, па потребни се ресурси и искуство.

Втората информација која се смета за доста важна е најавата дека Apple во својот автомобил ќе користат батерија која ќе биде направена со поразлична технологија од сегашните. Оваа технологија ќе овозможи вградување на повеќе материјал во батеријата, а со тоа ќе се добие поголем капацитет.

Батеријата од Apple се најавуваа дека ќе биде поевтина за производство и ќе овозможува поголема километража на возилото, а претставувањето се најавува дека ќе биде револуционерно како кога првпат беше претставен iPhone.

Има доста време до најавената година кога треба да се очекува автомобилот, а според одредени извори, пандемијата оваа година може да ја помести планираната дата за 2025. Тоа значи дека сепак има време додека излезат уште неофицијални информации, додека може да очекуваме и нешто официјално од Apple.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаLet’s Encrypt најде решение за корисниците на постари Android уреди да не изгубат пристап до шифрираните веб страни
Следна статија„Големото спојување на Јупитер и Сатурн“ видливо од Земјата го достигна својот „врв’ во текот на вчерашниот ден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.