NASA

Нешто што во одредена форма се случува на секои 20 години, спојување на планетите Јупитер и Сатурн, од гледна точка од Земјата, оваа година е во толку голема близина, да како појава се случува на секои 400 години.

Поточно, патеката околу сонцето на Јупитер и Сатурн, која трае 12, односно 30 наши години, доведува да овие две планети така се постават од гледната точка од Земјата, да се навистина блиску една до друга. Поради фактот што и двете планети се лесно видливи од Земјата, нивното приближување доведува до посилна светлина која за тие кои не се запознаени, може да наликува да ѕвезда.

Оваа година двете планети се поставени во таква позиција да се најблиску што може, односно ваквата поставеност се случува еднаш во 400 години. Последен пат се има случено, како што се истакнува во научните објави, во 1600-тите години, поточно во 1623, нешто повеќе од 10 години од кога познатиот Галилео за првпат има погледнато кон небото со телескоп.

Приближувањето на двете планери, кои секако така изгледаат само од Земјата, тие се повеќе стотици милиони километри една од друга, се случува неколку недели, а случувањето кулминира на 21 декември.

NASA

Планетите би требало да може да се видат од секој дел од Земјата, а од NASA препорачуваат да 1 час по зајдувањето на Сонцето, се погледне во југозападниот дел, односно правец. Глетката ќе остане ваква уште одреден период, по што планетите ќе се одвојат.

Од NASA исто така истакнуваат дека се поминати околу 800 години од кога ваквата поставеност се случува да е видлива навечер, што е одлична шанса за набљудување кое може да се прави и без додатна опрема.

Поклопувањето на спојувањето со почетокот на зимата се истакнува дека е само случајност и зависи од орбитите на планетите и наклонот на Земјата. Вакви случувања може да се случат во било кој период од годината.  

ИЗВОРNational Geographic
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаApple планира да започне со производство на автономно возило со нова технологија за батерии во 2024
Следна статијаАгенцијата за странски инвестиции ќе му помага на текстилниот кластер во создавањето на македонски брендови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.