Изминатите неколку години доведоа до тоа да сите веб страни или барем поголемиот дел од нив, користат шифрирана комуникација, односно го користат „HTTPS“ протоколот кој порано беше повеќе карактеристичен за банкарските страни, на пример.

Поради ова, од Mozilla поддржаниот „Авторитет за сертификати“ (CA), Let’s Encrypt стана еден од повеќе познатите, а посебно поради тоа што сертификатот е бесплатен за сопствениците на веб страните.

Како што објаснуваат од Let’s Encrypt, за да еден сертификат биде прифатен, потребно е да е вклучен во оперативните системи и во интернет прелистувачите, како доверлив сертификат. За компанијата која почнува да обезбедува сертификати, најчесто е добро решение да тоа го направат преку заедничко потпишување на истите со друг CA кој веќе е вклучен во системите.

Ова го има направено Let’s Encrypt со IdenTrust, а договорот со оваа компанија истекува идниот септември, а истиот нема да биде продолжен поради тоа што Let’s Encrypt е веќе познат и вклучен во сите оперативни и интернет прелистувачи.

Од компанијата истакнаа дека иако договорот истекува идниот септември, тие од почетокот на идната година, поточно од 21 јануари 2021, ќе почнат да функционираат со нивниот сертификат.

Ова едноставно кажано значи дека веб страните кои се шифрирани користејќи го сертификатот од Let’s Encrypt веќе нема да бидат препознаени како безбедни од постарите верзии на оперативните системи и интернет прелистувачи.

Како што истакнуваат од Let’s Encrypt, во главно проблем со ова ќе имаат корисниците на постари Android телефони, поточно телефони кои имаат верзија од Android постара од 7.1.1. Затоа што сопствениот сертификат од Let’s Encrypt во тоа време уште не бил признаен и дел од системите, овие постари и неажурирани уреди ја немаат новата информација за сертификатот. За постари уреди во овој случај се сметаат уредите пред 2016 година.

Со оглед на популарност на Let’s Encrypt, се очекува доста голем број од веб страните да не може да се отворат преку овие постари уреди. Корисниците ќе можат да ги отвораат преку Firefox прелистувачот, но тоа сепак не е долгорочно решение.

Овој случај повторно го носи вниманието кон проблемот на Android, а тоа е слабиот процент на ажурирани уреди поради тоа што ова не зависи само од Google, туку и од производителите на уредите, како и операторите.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаVirgin Hyperloop го изведе своето прво тест возење со патници
Следна статијаМикроскопски вселенски брод од Start Trek им помага на научниците во разбирање на движењето на микроскопските честички
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.