Фото: Shutterstock.com

Веќе со години се прават листи од кои се гледа дека корисниците избираат едноставни лозинки за своите онлајн сметки, најчесто поради тоа што тие лесно се паметат. Тоа ги прави нивните сметки лесни за пробивање, а кога на тоа ќе се додаде дека корисниците често ја користат истата лозинка за повеќе сметки, безбедноста на нивните податоци е сериозно доведена во прашање.

Практиката на користењето на веќе познатите едноставни лозинки продолжува и во 2021. Тоа е навистина чудно кога ќе се земе во предвид дека веќе одамна постојат апликации кои чуваат и генерираат лозинки на безбедно место, а корисниците се што треба е да памтат една главна лозинка.

Истражување направено од страна на NordPass ги покажува 200-те најкористени лозинки во 50 земји во светот, а за разлика од други истражувања, тука е покажано колку често се користи одредена лозинка на листата, како и колку време е потребно да се пробие една сметка која ја користи конкретната лозинка.

Не изненадува воопшто што првите 10 најкористени лозинки остануваат да бидат добро познатите лозинки, со што и пробивањето на сметките е едноставно.

Првите 10 најкористени лозинки се 123456, 123456789, 12345, qwerty, password, 12345678, 111111, 123123, 1234567890 и 1234567. Остатокот од листата не е ништо подобар, а сите лозинки од почетокот на оваа листа можат да бидат пробиени за помалку од 1 секунда.

Лозинката на првото место на листата е користена повеќе од 100 милиони пати и покажува дека оваа едноставна лозинка останува омилена кај корисниците кои не сакаат да мислат на онлајн безбедноста.

Кога ќе се земе во предвид оваа ситуација воопшто не е чудно што Google реши да сите нивни корисници мора да користат дво-факторска автентикација, која покрај лозинката бара и внесување на дополнителен код за најавување.  

Microsoft оди и чекор подалеку, па на корисниците им овозможува целосно да ги тргнат лозинките, а најавувањето да го прават со одобрување на известување преку нивната Authenticator апликација, меѓу другото.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаИзвештајот на Европската комисија е критичен во однос на измените на Законот за електронски комуникации
Следна статијаYou.com е интернет пребарувач со целосно различен концепт на прикажување резултати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.