Повеќето Google алтернативи што излегоа на пазарот во главно се насочени кон една работа често критикувана кај овој главен интернет пребарувач, а тоа е приватноста. Алтернативите ги привлекуваат корисниците со тврдење дека тие нема да ги следат нивните пребарувања, како и активностите на другите веб страни, а во исто време нудејќи им исто така добри резултати од нивното пребарување.

You.com е нова Google алтернатива, која исто така дава значење на приватноста на корисниците, но тоа не е главната работа со која ќе се обидат да ги привлечат.

Овој нов пребарувач е направен од страна на Ричард Сошер, поранешен главен научник во Salesforce. Со оваа негова позадина тој успева да собере и доста финансиски средства, нешто што е важно во оваа фаза кога пребарувачот на прикажува реклами, односно не заработува.

Главната разлика на you.com е начинот на прикажување на резултатите во споредба со Google, односно било кој друг пребарувач. Наместо во класичната вертикална листа, you.com ги прикажува резултатите во хоризонтални ленти, а секоја лента е таканаречена апликација.

Овие апликации се прикажуваат врз основа на проценка од страна на вештачката интелигенција соодветно на конкретното пребарување.

Поточно, секое пребарување има лента со резултати од интернет страните, а останатите ленти може да бидат резултати од Reddit, на пример, Instagram, LinkedIn, Twitter и ја разбирате логиката.

Која од овие ленти, од која апликација ќе прикажува, односно кои додатни сервиси ќе бидат искористени за пребарување, ќе зависи од самото пребарување, односно за што се работи.

Корисниците ќе можат да го менуваат редоследот на лентите, а со тоа и да влијаат на прикажувањето на резултатите во иднина. Со тоа страната со резултати на you.com ќе изгледа различно за секој корисник, односно секој корисник ќе може да ја прилагоди најдобро за неговите потреби.

ИЗВОРFast Company
Претходна статијаНајчесто користените лозинки во 2021 остануваат едноставни и целосно небезбедни
Следна статијаАЕТМ ќе гради регионална платформа „Е-трговија за сите“ со поддршка од GIZ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.