Пребарување на нашите имејл пораки, слики во Google Photos и слично преку лентата на Google која е достапна кај сите овие сервиси, не е нешто ново. Исто така, не е ново да Google прикаже резултати поврзани со нашите сервиси, на главната страна за пребарување.

Сепак, Google изгледа сака да го истакне во преден план пребарувањето на нашите сервиси од главната страна, па за таа цел воведе посебна лента наречена Personal.

Истата моментално е ставена на последно место, односно да дојдете до неа треба да притиснете на повеќе, после лентите за пребарување слики, мапи, видеа, вести и слично.

Доколку тоа што го пребарувате на Google го имате во Gmail, Photos, Contacts и слични сервиси, преку избирање на Personal лентата, ќе бидат прикажани резултатите од овие сервиси.

Се разбира, овие резултати се достапни само за корисникот којшто е најавен моментално на Google, па не се достапни јавно како останатите резултатите од пребарувањето.

Оваа нова можност може да го забрза процесот на пребарување на одредени работи во нашите сервиси, работи кои сега не мора да ги бараме посебно во секој сервис. Па така, доколку не интересираат одредени слики од последниот одмор, краткото пребарување ќе ни ги прикаже сликите, како и сите пораки и други работи поврзани со тоа.

Извор: TechRadar, 9to5Google

Претходна статијаOnePlus ги продава последните залихи од 3T пред претставувањето на новиот OnePlus 5
Следна статијаОригиналната визија за Lumia 950 и 950 XL била многу поразлична
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.