Фото: Shutterstock.com

Google официјално започна со тестирање на нивниот конкурент на новиот Bing, наречен Bard, оваа недела. Слободно може да се каже дека Google се имаат до некаде опуштено во нивната прва позиција која никој со години не може да ја предизвика, па пуштањето на новиот Bing ги затекна до некаде, а можевме да прочитаме и дека предизвикало паника кај менаџментот.

Не е толку проблемот што Google го пушти нивниот Bard нешто повеќе од еден месец по пуштањето на новиот Bing, проблемот е што личи дека има уште доста развој за да се стигне до нивото на нивниот сега главен конкурент.

Еден од директорите во Microsoft го истакнува ова. Микхаил Паракин, главниот во компанијата за реклами и веб сервиси, одговори на прашање на Twitter за Bard истакнувајќи дека конкурентот доста заостанува, но сепак е импресивно колку е успеано да се постигне.

„Тие се прилично далеку зад нас, но импресивно е колку можеа да постигнат со оглед на малата количина на пресметување што ја имаа и фактот дека во основните ML алгоритми тие заостануваат од SOTA за, можеби, 6 месеци. Како „мали луѓе“, научивме никогаш да не го потценуваме Google.“ – гласи „твитот“ на Паракин.

Дали ситуацијата е навистина таква и дали ќе остане и во иднина ќе видиме. Microsoft се пофали со голем број на нови корисници на Bing, но далечното второ место кое го има овој пребарувач бара многу повеќе нови корисници за да може да го загрози Google, дури и малку.

ИЗВОРNeowin
Претходна статијаНајновата верзија од iOS 16 ќе донесе подобро слушање на гласот на корисникот
Следна статијаHuawei ја претстави P60 серијата составена од три телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.