Поминаа нешто повеќе од месец дена од пуштањето на новиот Bing, како што го нарекуваат од Microsoft, па сега од компанијата споделија и неколку позитивни за нив статистики.

Иако Bing се’ уште е многу далеку од приближување до Google Search, сепак бројките одат во позитивен правец. За првпат пребарувачот од Microsoft ја поминува бројката од 100 милиони дневни активни корисници, но од компанијата признаваат дека тие сепак уште се мал играч на пазарот.

„Задоволство ни е да споделиме дека по неколку години постојан напредок и со мало засилување од милион+ нови корисници на тест верзијата на Bing, надминавме 100 милиони дневни активни корисници на Bing. Ова е изненадувачки забележлива бројка, а сепак сме целосно свесни дека остануваме мал, низок и со едноцифрен удел играч. Тоа кажано, убаво е чувството да се биде дел од танцот!“ – истакнаа од Microsoft.

Од компанијата додаваат дека една третина од милионите активни корисници се нови корисници. Ова значи дека покрај зголеменото користење на Bing од постојните корисници, има доста голема бројка и на нови.

Зголемената популарност на Bing не е само во делот за разговори, па корисниците сега почесто го користат класичното пребарување. Овој дел исто така е доста подобрен преку користење на новиот Prometheus модел од Microsoft кој е направен во комбинација со GPT од OpenAI.

Од компанијата додаваат дека користењето на овој модел овозможува прикажување на доста подобри резултати при пребарувањата, па ова е нешто што корисниците треба да го земат во предвид кога прават споредба со Google.

Google сепак не оставаат овој тренд на користење вештачка интелигенција да ги помине. Тие веќе го најавија Bard, нивниот конкурент на ChatGPT, но неговиот развој бара уште време, а тоа го гледаме од фактот што уште не е пуштена ни некаква тест верзија за да се проба.

Претходна статијаАмериканскиот сон може да се оствари и во Македонија
Следна статијаТри навики кои ќе ги смениме во следните 5 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.