Идната недела или наскоро после тоа, се очекува официјалното пуштање на iOS 16.4 верзијата од овој систем која веќе одреден период е достапна за корисниците на бета верзиите.

Ова е мала надградба и не донесува нешто посебно многу новини, но затоа донесува една доста корисна која е поврзана со телефонските разговори.

Корисниците ќе можат да вклучат „Voice Isolation“ за време на разговорот и со тоа да го подобрат неговиот квалитет, а посебно кога разговараат од некој бучна околина. Како што може да се претпостави од самото име, оваа функција се обидува да го изолира гласот на говорниот и да ги блокира околните звуци и со тоа другата страна да може да го слуша само гласот.

Оваа функција веќе е достапна за разговорите преку FaceTime, WhatsApp и други апликации, но со iOS 16.4 доаѓа и за обичните телефонски разговори.

Вклучувањето на функцијата се прави исто како и досега, односно при телефонски разговор треба да се отвори контролниот центар и да се притисне на „Mic mode“ можноста. Ова е доволно да се направи еднаш, односно изборот на корисникот останува запаметен за наредните разговори.

Дали оваа функција може да направи доволно голема разлика без одредени проблеми, ќе дознаеме во периодот што следи кога ќе стане достапна за сите корисници.

ИЗВОРMashable
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаMicrosoft ја претстави Loop, нова апликација за соработка при работата на тимовите
Следна статијаДиректор од Microsoft кажа дека Bard на Google доста заостанува зад новиот Bing
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.