Поретко читаме за Huawei по познатите проблеми кои ги имаат од компанијата со САД. Сепак, тоа не значи дека тие не продолжуваат со претставување на нивните одлични смартфони, па денеска ги имаме тие од серијата која е позната по своите камери.

Претставени се три нови телефони од P60 серијата, односно P60, P60 Pro и P60 Art, а третиот телефон е посебно интересен и неочекуван додаток. Овој телефон доаѓа со нешто поразличен дизајн на модулот за камерите, како и различен избор на бои.

Камерите, главната карактеристика на P серијата, а и генерално на Huawei брендот, донесуваат доста големи ветувања од страна на компанијата, како и големи очекувања. Трите модели доаѓаа со истата главна камера со 48 мегапиксели, RYYB сензор и оптичка стабилизација на сликата.

Тоа што посебно се истакнува кај оваа камера е променливата бленда со f/1.4 – f/4.0. Ова овозможува прилагодување на сцените, односно условите на сликање, а Huawei P60 серијата тоа го прави автоматски.

Од карактеристиките на оваа камера може да се види дека треба да ги вади едни од најдобрите слики во темни услови, а од Huawei оваа можност кај P60 серијата веќе ја нарекуваат водечка на пазарот.

Втората камера кај P60 и P60 Pro е со 13 мегапиксели, додека кај P60 Art со 40 мегапиксели. Оваа камера кај трите телефони е ултра широка. Камерата за зумирање кај P60 е со 12 мегапиксели, додека кај P60 Pro и P60 Art со 48 мегапиксели.

Трите модели доаѓаат со XD Fusion Pro технологијата од Huawei која треба да овозможи текстури кај објектите кои се сликаат слични со тие кои ги перципира човековото око.

Сите модели доаѓаат со 6,67 инчни екрани кои се направени со LPTO OLED технологијата која овозможува стапка на освежување од 1 до 120 херци. Телефоните исто така работат на Snapdragon 8+ Gen 1, верзија која е само 4G. Батеријата е со капацитет од 4.815 mAh кај P60 и P60 Pro, додека P60 Art доаѓа со нешто поголема батерија со 5.100 mAh.

Во Кина, P60 серијата доаѓа со двонасочна комуникација со сателити, односно со можност за испраќање и примање на пораки кога не е достапна мобилната мрежа.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаДиректор од Microsoft кажа дека Bard на Google доста заостанува зад новиот Bing
Следна статијаФормирана нова Комора на сметководители, финансиери и даночни обврзници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.