Дали знаевте дека од вкупно 50 милиони тони електронски уреди што се фрлаат секоја година, само 17 проценти се рециклираат, додека останатите 83 проценти завршуваат на некоја од депониите, на бреговите на реките, во морињата или океаните? Исто така, се проценува дека количината на електронски отпад до 2030 година ќе достигне дури 74 милиони тони, што ги принуди големите производители да ги променат производните процеси со цел да се намали штетниот отпад. Покрај тоа, јавноста сè повеќе зборува за влијанието на картонските кутии, кои најмногу се користат за пакување на електрониката, врз животната средина – односно влијанието што го има распаѓањето на овој материјал доколку правилно не се рециклира.   

Во тоа светло, компанијата Samsung минатата година го претстави иновативно еко-пакување за одредени модели на телевизори, а кое исто така е присутно и кај најновата Neo QLED линија за 2021 година. Направено од рециклиран брановиден картон, оваа пакување не само што за време на производство не придонесува за загадување на животната средина, туку има и повеќе практични и естетски примени – кутиите на новите Samsung Neo QLED телевизори може лесно да се претворат во картонска кутија за домашни миленичиња, полица за книги и цвеќиња или штанд за држење на канцелариски материјали.   

Во пресрет на Светскиот ден за заштита на животната средина, кој се одбележува секој 5 јуни, Samsung сака да ги мотивира луѓето се повеќе да се ориентираат кон креативни и одржливи решенија, започнувајќи ја Small World кампањата во соработка со холандскиот уметник познат како Papersmith. Оваа направи-сам картонска колекција е дизајнирана за да им даде на различните пакувања на Samsung производите нов живот во форма на украсни модели на згради, животни и растенија.  Покрај тоа, корисниците ширум светот имаат можност да се приклучат на овој проект, преземајќи дванаесет бесплатни принтови со Small World карактери и споделувајќи ги на социјалните мрежи со хаштагот #ReimagineABetterPlanet.

Посветеноста на компанијата Samsung кон подигнување на свеста за заштита на животната средина оди подалеку од еколошкото пакување на неговите уреди. Инженерските тимови одговорни за развој и дизајн на далечински управувачи на телевизори имаат развиено револуционерни, напредни контроли кои работат на соларна енергија. Направени од 28 проценти рециклирана пластика, тие значително ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид и други штетни гасови за време на производството. Меѓутоа, далечинските управувачи се само почеток на понудата на одрржливи Samsung производи, а компанијата има намера во наредниот период значително да го прошири портфолиото на оние производи кои во себе содржат рециклирани материјали, без да се загрозат нивниот квалитет и перформанси.  

Покрај еколошките бенефити, новите Samsung Neo QLED телевизори нудат супериорен приказ на содржина во 4K и 8K резолуција во зависност од моделот, а за сето ова заслужна е напредната Quantum Dot технологија, која ја анализира количината на светлина во сцените и ги оптимизира боите на екранот. Ова значи дека секоја содржина што корисниците ја гледаат, без разлика дали станува збор за акционен филм, музичко видео или фудбалски натпревар, ќе биде прикажана во најдобар можен квалитет, земајќи ја во предвид околината. Покрај оптимизирање на визуелниот дисплеј, Neo QLED телевизорите исто така доаѓаат и со SpaceFit технологија која ја анализира околината, автоматски прилагодувајќи ја на звукот на телевизорот според околината.  

Neo QLED телевизорите во моментот се на промоција, која трае до 11 јули 2021 година – со нивното купување како подарок, ќе добиете и soundbar звучник по регистрирацијата на купувањето на [email protected]. Исто така, корисниците добиваат продолжена гаранција за период од пет години, за нарачки до 30 јуни 2021 година.

Претходна статијаПет филмови што ќе излезат ова лето
Следна статијаЗаедно против злосторствата (Partners in Crime) – Премиера на новата серија според романите на Агата Кристи

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.