Нова британска серија доаѓа на Pickbox NOW! Неодоливата драмска серија Заедно против злосторствата (Partners in Crime) се заснова на популарните детективски романи на една од најдобрите писателки на сите времиња, Агата Кристи. Првите три епизоди се засноваат на романот „The Secret Adversary“, а последните три на романот „N or M?“ Оваа серија во шест дела ќе ве воодушеви со врвната детективска приказна, одличната атмосфера, хуморот и генијалниот актерски дует.

Генијален актерски дует

Во главните улоги се Дејвид Валијамс и Џесика Рејн, генијална двојка која глуми еден брачен пар. Валијамс е Томи Бересфорд, паметен маж кој се потпира на логиката. Сепак, неговите деловни потфати никогаш не успеваат, како што ни неговите денови на факултет и во војска не биле баш успешни. Се обидува да се грижи за својата енергична сопруга Тупенс и нивниот син Џорџ, но не сфаќа дека нема талент за обични бизниси. Него го бидува за шпионажа и решавање злосторства.

Рејн ја толкува улогата на Тупенс Бересфорд, сопругата на Томи. Таа е енергична, пребрзана и често се залетува во ситуациите. За време на војната, работела како негувателка, што ѝ давало некаква смисла во животот. Сега нејзиниот дух не може да поднесе да биде едноставно домаќинка. Кога се создава шанса да ѝ помогне на британската тајна служба за одбрана на татковината, таа можноста ја прифаќа со задоволство.

Периодот на Студената војна

Агата Кристи ги напишала приказните за Бересфордови во периодот од 1992 до 1973 година, во кои го следиме животот на Томи и Тупенс пред да се земат, па сѐ до нивната старост. Во серијата, дејствието се одвива во педесеттите години од минатиот век, во контекстот на Студената војна, што ја следи временската линија поставена од Кристи. Тоа време е полно со шпионажа, контрашпионажа, платени убијци и луѓе што се обидуваат да ги решат злосторствата. Тоа е опасен свет во кој ќе процвета брачниот пар Бересфорд.

Новата британска детективска серија Заедно против злосторствата (Partners in Crime) гледајте ја само на Pickbox NOW од 11 јуни.

Претходна статијаЗаедно за поубава и почиста планета – Еко пакување отсега и на Samsung Neo QLED телевизорите
Следна статијаHuawei 5G MEC решението го усовршува работ на индустријата