AIRVRRR

Виртуелната реалност станува се популарна, а за многумина Oculus Rift е доста скапа играчка. Оние што имаат iPad Air или пак iPhone 6 ќе можат да уживаат во виртуелната реалност со помош на AirVR за само 50 долари.

Веќе видениот концепт на прв поглед изгледа доста смешно, но е доста ефикасен во својата намена. Единствено што треба да се направи е да се вметне iPhone 6 или iPad Air во AirVR, a стартапот Мetatecture нуди опција и за подобрена верзија AirVR+.

airvr-hud-510x289

Сетот ја користи предната камера на уредите на Apple и со помош на маркери корисникот ќе може слободно да се движи во виртуелната средина, без потреба на надворешна камера и дополнителен хардвер. Верзијата за iPad Mini содржи и лента чувствителна на допир која го претвора неискоритениот простор на уредот AirVR во корисни команди кои би го збогатиле искуството во виртуелната реалност.

VARIIR

Овој концепт е совршен за подесување како и за интеракција со апликации или игри. Благодарение на Oculus Rift овој тренд почна многу побрзо да се развива од очекуваното и многу стартапи се решаваат на потегот да направат уред кој ќе биде конкурентен, поефтин, а ќе го долови истото, ако не и подобро виртуелно искуство.

Овој значително ефтин уред ќе почне да се испорачува во декември, а стартапот догодина планира производот да го пушти во комерцијална онлајн продажба.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаXbox One трансформиран во моќен лаптоп со помош на 3D печатач
Следна статијаChrome OS ќе добие поддршка за Dropbox и други виртуелни фајл системи