Основниот концепт на Chrome OS се базира на веб сервисите, односно целиот оперативен систем работи во главно преку Chrome прелистувачот. Во овој оперативен систем доколку сакате да отворите некој документ на пример, како што е Word документ, тоа го правите преку веб, односно преку некој од достапните онлајн решенија. Се разбира со оглед на фактот што Chrome OS е од Google, акцентот на веб сервисите е ставен на веб апликациите од оваа компанија како Gmail, Docs, Maps, Hangouts и слични.
Затоа што се работи преку веб апликации, складирањето на податоците е оставено најчесто да се одвива преку облакот, односно во cloud решението од Google, Drive. Кога ќе го отворите фајл менаџерот ќе ги видите фајловите кои што се складирани во Google Drive и можете да ги користите исто како што тоа до сега го имате правено на вашиот диск на десктоп компјутерот.
Во иднина, како што би можело и да се очекува, Chrome OS ќе може да работи со повеќе cloud решенија, односно ќе дозволува поврзување на додатни сервиси директно во фајл менаџерот. За почеток оваа можност ќе биде достапна во рана развојна верзија достапна за тестирање од страна на програмерите. Сервисите кои што исто така за почеток ќе бидат достапни се Dropbox, WebDAV и Amazon S3, како и Box, Samba и SFTP.
Сервисите кои што ќе можат да се поврзат со File System API алатката ќе бидат поделени на два типа, односно на провајдери преку протокол и провајдери на сервиси во облакот. Сите кои што ќе бидат поврзани со Chrome системот, ќе бидат прикажани како посебни папки во фајл менаџерот и преку нив ќе може да се отвораат, менуваат и зачувуваат фајловите. Исто така при секое вклучување на системот, сервисите ќе бидат автоматски најавувани.
Се разбира пристап до овие сервиси е достапен е сега преку нивните веб страни, меѓутоа овој начин ќе овозможи многу побрзо работење како со стандарден фајл менаџер.
Извор и слика: OMGChrome