Според аналитичари од Јужна Кореа од компанијата UBI Research, Samsung не се многу заинтересирани за развој на екрани кои се намотуваат. Поради ова не треба во блиска иднина да се очекува претставување на ваков уред од страна на компанијата, но затоа може да се очекува продолжување на усовршувањето на екраните кои се преклопуваат.

Samsung има покажано концепти досега за уреди со екран кои се намотува, но од компанијата никогаш не отидоа чекор понатаму, со што и само од тоа може да се заклучи дека ваквите уреди не им се приоритет.

Од UBI Research додаваат дека Samsung ќе продолжи да се фокусира на екраните кои се преклопуваат, а во нив ќе бидат насочени и ресурсите за истражувања и развој.

Една од причините поради кои од компанијата не се решаваат за давање поголема шанса на екраните кои се намотуваат, според аналитичарите, е и заштитата која може да се користи кај овие екрани која не е доволно добра. Генерално технологијата уште не е доволно развиена за да може да се овозможи добар производ на пазарот.

LG досега имаше најголеми шанси да излезе на пазарот со телефон кој се намотува, но од компанијата најавија дека излегуваат од пазарот на смартфони пред овој телефон да биде воопшто претставен.

На ова треба да се додадат и OPPO и Xiaomi, но сепак од тоа што може да се види, мали се шансите дека наскоро ќе видиме ваков уред на пазарот.

Привлечноста на уредите со екран кој се намотува е во нивната покомпактност во споредба со уредите на преклоп. Тие можат да бидат направени како стандарден смартфон или таблет, а со едноставно повлекување да се добие поголем екран.

Без разлика која технологија ќе опстои на пазарот, ги чекаме моделите кои ќе бидат доведени до ниво кога нема да може да се забележи дека се користи уред кој може да ја менува својата форма.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаОтворена првата „Фабрика за учење“ на Машинскиот Факултет – Скопје
Следна статијаКако да го изберете најдобриот уред и да го решите проблемот со чист воздух засекогаш
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.