Фото: Shutterstock.com

Microsoft можеби се најпознати по Windows, Office, па и Azure брендовите, но сепак тие на пазарот ги имаат и едни од најдобрите додатоци за компјутерите, односно тастатури, глувчиња, веб камери и слични.

Овие уреди го носат брендот на Microsoft, но тоа веќе нема да биде така. Компјутерската галантерија, кратко кажано, од компанијата ќе почне да го користи брендот на Surface линијата на производи, а може да се каже дека тоа и има логика.

Surface брендот, кој не започна којзнае колку успешно, под водството на одличниот Панос Панај успеа да се пробие како еден од подобрите на пазарот и штета што кај нас не е достапен.

Главните производи под овој бренд се компјутерите, па логично е од компанијата додатоците за овие компјутери да ги стават под истиот бренд.

„Одејќи напред, ние се фокусираме на нашето портфолио на Windows PC додатоци под Surface брендот.“ – изјави Ден Лејкок, менаџер за комуникации во Microsoft, за The Verge. „Ние ќе продолжиме да нудиме линија на PC додатоци под Surface брендот – вклучувајќи глувчиња, тастатури, пенкала, докови, прилагодливи додатоци и повеќе. Постојните PC додатоци под брендот на Microsoft како глувчиња, тастатури и веб камери, ќе продолжат да се продаваат на постојните продавници под постојните цени додека не се потрошат залихите.“

Тоа што не е сигурно е какви цени ќе имаат новите производи под Surface брендот. Сегашните додатоци кои го носат овој бренд не се баш евтини, а досегашните Microsoft производи имаа прилично достапни цени.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаiPhone 16 Pro телефоните идната година ќе дојдат со поголеми екрани
Следна статијаInstagram го зголеми бројот на линкови кои може да се додадат на профилите од корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.