Фото: Shutterstock.com

Една мала, но доста барана можност, конечно е овозможена од страна на Instagram. Корисниците веќе не се ограничени да можат да стават само еден линк на нивниот профил, односно во описот на нивниот профил.

Корисниците сега можат да додадат до пет линкови, што повторно ги ограничува тие што сакаат повеќе, но оваа бројка веќе е прифатлива. Додавањето на линковите се прави како и досега, односно со одење во „Edit profile“ делот.

Оваа можност најмногу ќе им користи на корисниците кои сакаат да стават линкови до своите други профили на друштвените мрежи, да стават линк до веб страни на кои работат и слично. Во денешно време оваа потреба ја имаат голем дел од корисниците.

Новата опција им е достапна на сите корисници, што значи дека веќе може да се користи.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMicrosoft ја префрла компјутерската галантерија под Surface брендот
Следна статијаPhilips ги комбинира предностите на LCD и eInk екраните во еден монитор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.