Уште чекаме на претставувањето на наредната генерација од iPhone, поточно iPhone 15 серијата, кое ќе се случи стандардно во септември. Има доста информации како и обично за овие телефони, па во главно знаеме што можеме да очекуваме, а има и време да излезат дополнителни неофицијални информации.

Познатиот и најчесто сигурен извор, Рос Јанг, ни дава информација за моделите од идната година, поточно за iPhone 16 Pro серијата. Според него, Apple планира зголемување на големината на екраните кај овие два модели, па тие изгледа ќе бидат и најголемите досега.

iPhone 16 Pro треба да добие зголемување од 6,1 на 6,3 инчи, додека iPhone 16 Pro Max ќе биде зголемен од 6,7 на 6,9 инчи. Кај помалиот модел може да дискутираме што ќе значи ова зголемување, но затоа кај поголемиот се добива досега најголемиот iPhone.

Јанг истакнал дека овие бројки се заокружени, а до крајот на месецот ќе ги објави точните, односно до децимала.

Зголемување од 0,2 инчи донесува зголемување на екранот од поливина сантиметар, што значи дека не се работи за драстично зголемување, но сепак ќе направи разлика, а посебно кај Max моделот.

Има време до идната година, па ќе видиме дали од Apple планираат вакви промени, а за тие модели се очекуваат и други промени, со исечокот на екранот, копчињата и слични.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаДоживејте ја WOW разликата со Samsung OLED
Следна статијаMicrosoft ја префрла компјутерската галантерија под Surface брендот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.