Google работи на развој на сопствен паметен „таг“ за следење на работите, како што се на пример клучевите, ранците, а некои корисници ги ставаат дури и на нивните миленичиња.

Интересно, според изворот на информацијата, Twitter корисникот Kuba Wojciechowski, кодното име на уредот којшто е во развој е „grogu“. Ова е името на бебето Јода, односно baby Yoda од познатата серија The Mandalorian која во нашата земја може да се гледа преку Disney+ стриминг сервисот.

Претставувањето на еден ваков уред сигурно нема да го привлече вниманието како претставувањето на смартфони или на долгоочекуваниот Pixel таблет компјутер, но за одредени корисници ова е мала, но корисна алатка.

Најверојатно овој производ не би бил достапен во нашата земја, исто како што не се, барем не официјално, достапни ни Pixel смартфоните. Google се’ уште овој дел од светот не го вклучува во продажбата на нивните производи.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаGalaxy Z Fold5 треба да има многу помала фалта на екранот
Следна статијаOpenAI алатките сега се достапни преку Microsoft Azure
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.