Galaxy Z Fold серијата на Samsung е една од најдобрите на пазарот, а очекуваме дека времето на овој телефон тек ќе дојде во годините што следат. Потребен е уште мал напредок на технологијата за дополнително намалување на дебелината на ваквите уреди, па нема да биде мала бројката на корисници кои би сакале да во џебот носат смартфон кој лесно се претвора во мал таблет.

Една маана која ја има Galaxy Z Fold4, која со најновата верзија е прилично средена, е фалтата која се појавува на делот каде екранот се превиткува. За жал технологијата не е доволно развиена за да може да се добие екран кој се враќа во првичната форма, па фалтата е нешто што го има уште од почетокот. Истата не прави проблем при користењето, па останува само на тоа дали корисникот ќе ја забележува и дали му пречи визуелно.

Инаку, фалтата не се гледа цело време, а посебно не пречи при гледање нешто на екранот. Потребно е да има црна позадина, доволно светлина и да се гледа од одреден агол, така да овој дел не е нешто што треба да ги премисли корисниците при купување.

Наредната верзија, односно Galaxy Z Fold5, која треба да биде претставена ова лето, најверојатно ќе го реши овој проблем, па фалтата нема воопшто да се гледа или ќе биде минимално видлива.

Samsung ќе го постигне ова со промена на механизмот на преклопување, кој ќе овозможи поголем „круг“, така да го наречеме, кој ќе го прави екранот кога се превиткува, што ќе придонесе до помало притискање на еден дел и со тоа распределување на фалтата.

Сличен механизам веќе можевме да видиме кај некој од конкурентите, а обично се нарекува „солза“ или според информациите Samsung го нарекува „тег“.

Овој мехамизам, покрај намалување на фалтата, ќе овозможи и продолжување на векот на екранот, кој и сега може да издржи доста повеќе од што корисниците би го имале уредот.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаКој е главниот телефон кој го користи Бил Гејтс
Следна статијаGoogle изгледа ќе претстави „таг за следење“ како тие на Apple и Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.