Наредната генерација од својот одличен Galaxy Watch, Samsung се очекува дека ќе ја претстави некаде во август. Galaxy Watch5 е на ред да биде претставен, па како што е редот, веќе ги имаме и неофицијалните информации кои предвреме ни кажуваат што можеме да очекуваме.

Ice universe, како и кодот на новата бета верзија од Samsung Health апликацијата, кој го имаат разгледувано од 9to5Google, ни открива дека Samsung оваа година ќе има мала промена во тоа кои уреди ќе бидат претставени.

Па така, покрај Galaxy Watch5, кој е на ред да биде претставен, се очекува дека ќе биде претставен и Galaxy Watch5 Pro. Со оглед на тоа што во кодот на Health апликацијата не се споменува Galaxy Watch5 Classic, се верува дека оваа година нема да има модел со „тркалезната рамка“ која се врти.

Ова секако не можеме уште од сега да го знаеме, но сепак се очекува дека и двата модели ќе дојдат со дизајн сличен со ланскиот Galaxy Watch4, кој според нас доста подобро изгледа и е поудобен за носење.

Дополнителни информации засега нема, па не е познато што ќе го разликува Pro моделот од „обичниот“.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаДевет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат
Следна статијаApple денеска ја одржува својата WWDC 2022 конференција со почеток во 19 часот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments