Фото: Shutterstock.com

По најавата од страна на Ice universe дека Galaxy Fold4 ќе дојде со намалени димензии, но зголемување на ширината на екраните, сега овој познат „протекувач“ на информации ги објави и карактеристиките на овој уред.

Во Twitter објавата тој започнува со тврдење дека информациите се 100% точни, па за некој месец ќе дознаеме дали е тоа така.

Според него, Galaxy Fold4 ќе има главен екран со големина од 7,6 инчи, QXGA+ резолуција и 120 херци стапка на освежување. Помалиот екран, односно тој што се користи како смартфон, ќе има големина од 6,2 инчи, HD+ резолуција и исто така 120 херци стапка на освежување.

Овие димензии се истите како кај претходникот, што од наше искуство се погодени и нема потреба да се менуваат.

Ice universe додава и дека Galaxy Fold4 ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, ќе има 12GB RAM, како и 256/512GB простор за податоци.

Камерите ќе бидат со 50 мегапиксели кај главната, 12 кај ултра широката и 10 мегапиксели кај камерата со можност за зумирање до три пати. Селфи камерите ќе имаат 4 мегапиксели кај екранот кој се превиткува и 10 кај надворешниот помал екран.

Според Ice universe, бројот на пиксели над камерата кај поголемиот екран ќе биде поголем, се работи за камера под екранот, па истата помалку или скоро воопшто ќе се забележува во споредба со ланскитот модел.

Батеријата треба да дојде со капацитет од 4400 mAh, а ќе се полни со стандардниот 25W Samsung полнач.

Претходна статијаGoogle ги спојува Duo и Meet апликациите, во иднина ќе функционира само една
Следна статијаМакедонската агенција ИДЕА ЛАБ дел од Глобалниот PROI Самит во Хрватска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.