Со оглед на тоа дека Samsung доволно го има „испеглано“ Galaxy Fold и ланскиот Fold3 реално беше спремен за масовна продажба, очекувањата за оваа година се вртат околу неколку мали промени.

Главната од нив може да се каже дека е поврзана со димензиите поради две причини. Едната е дека Galaxy Fold уште е реално доста голем уред, па зависно од тоа како корисникот го носи својот телефон, тоа може да претставува мала непријатност.

Втората е поврзана со форматот на екранот, а посебно надворешниот, односно тој наменет за користење во режим на телефон. Овој екран, иако поширок од претходно, е прилично „тесен“, па корисникот е насочен кон користење на внатрешниот, поголем екран, дури и кога не му е тоа целта, односно кога не гледа некое видео, не разгледува слики или не работи нешто кое бара поголем екран.

Познатиот Ice universe веќе неколку пати најавува дека ќе дојде до промена на димензиите на Galaxy Fold4, односно покрај намалување на димензиите на уредот, најави и зголемување на ширината на двата екрани, со што ќе се добие поприфатлив формат.

Во неговата најнова Twitter објава тој прикажува како би изгледал новиот Fold4 во споредба со ланскиот, а направен врз основа на неофицијалните информации. Како што може да се види, разликата не е мала, па овој телефон дефинитивно ќе биде многу повеќе прифатлив за поголем број на корисници.

Претходна статијаНова генерација УЛТРА горива, со Dual Action Technology
Следна статијаКинески научници сметаат дека земјата треба да развие заштита против Starlink сателитите од SpaceX
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.