Фото: Shutterstock.com

Во труд објавен во кинескиот Modern Defense Technology, група научници сметаат дека сателитите од Starlink на Елон Маск може да претставуваат проблем за безбедноста на земјата. Тие препорачуваат развој на методи кои би можеле да ги онеспособат сателитите, како и такви кои би овозможиле нивно уништување.

Starlink е проект дел од SpaceX на Елон Маск кој има за цел да овозможи интернет пристап на секоја точка на Земјата. Тоа планираат да го овозможат преку лансирање и поставување на огромен број на мали сателити во ниската орбита на Земјата, а корисниците веќе можат да купат опрема за поврзување на интернет во одредени земји.

„Соѕвездието“ од сателити треба да вклучува повеќе десетици илјади сателити, а досега се лансирани повеќе од 2500. SpaceX веќе имаше неколку проблеми поради Starlink, а во главно поради пречките на астрономите кои го набљудуваат небото.

Кинеските истражувачи сметаат дека овие сателити може да се користат за многу повеќе од само овозможување на интернет пристап. Според нив, тие може да се користат и во воени цели, а и даваат неколку примери како тие би можеле да ја помогнат американската армија.

Starlink сателитите може да се користат за набљудување на Земјата, може да ја подобрат способноста на американската армија да комуницира, како и во нивната навигација и слично. Посебно се истакнува можноста за многу побрза комуникација на авионите и беспилотните летала кои би добиле голема предност со можноста за брза и шифрирана комуникација.

Идејата за трудот е да Кина развие способност да се заштити од овие сателити на неколку начини. Едниот е нивно онеспособување, додека се предлага и можност за нивно целосно уништување.

Не чуди што ваков труд излегува во овој период кога западот е во индиректен конфликт со Русија, преку војната во Украина, а многу се прашуваат дали е можно почнување на конфликт и со Кина околу Тајван.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Space.com
Претходна статијаКако се очекува да изгледа Galaxy Fold4 во споредба со неговиот претходник
Следна статијаНовата линија Samsung Neo QLED  ТВ сега е достапна и во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.