Скопје 1 Јуни 2022 – Новите модели на серијата Samsung Neo QLED ТВ сега е достапна и во Македонија. Со уникатната Samsung Neo QLED технологија издигната на новo ниво, серијата уреди за 2022 година носи голем број иновации и функции што го прават Neo QLED совршен уред за уживање во филмови и серии, играње видео игри, работа од дома и многу други активности.

Квалитетот на кино слика во вашиот дом

Технологијата Quantum Matrix ве привлекува кон центарот на дејствието со најмалите детали. Уживајте во филмовите и сериите со кинематографски квалитет на сликата со напредната технологија на Neural Quantum 8k процесор што користи вештачка интелигенција за да постигне повисоко ниво на контраст и да направи се што гледате да биде кристално јасно. Потонете во surround звукот на оркестарот што свири директно од вашата дневна соба со најновата технологија Dolby Atmos® и Q-symphony што го носи доживувањето на гледањето ТВ дома на највисоко ниво. Покрај најсовремените технички способности, телевизорот Neo QLED 2022 има и Infinity One дизајн– со црни рабови кои се спојуваат во Infinity екранот, Neo QLED зрачи со елеганција и едноставност.

Канцеларија или теретана во дневната соба

Во последниве години, нашите домови станаа наши канцеларии, па дури и теретани. Откријте попрактичен начин да го здружите вашиот тим со новата линија на телевизори Samsung Neo QLED 2022. Спарете го вашиот телевизор со компјутер и апликации за видео повици како Google Duo и поврзете го целиот тим веднаш штом трепнете од удобноста на вашата дневна соба. Доколку ви треба повеќе простор за работа, поврзете го паметниот телефон со Neo QLED телевизор за поудобен и поширок приказ на вашите активности. Multi View режимот ви овозможува да го поделите екранот на четири дела – совршен за моменти кога ви требаат повеќе екрани за да работа или сакате да гледате повеќе содржини во исто време.

После работа, опуштете се и уживајте во различните тренинзи дома со апликацијата Samsung Health – популарните фитнес професионалци нудат богат избор од смирувачка медитација до тренинг со висок интензитет за оние на кои им треба нешто повеќе по напорниот работен ден.

Подигнете го на повисоко ниво вашето доживување во игрите

Дневната соба е совршено место за уживање во најновите видео игри, а со Neo QLED 2022, кој носи голем број технологии дизајнирани за игри, можете да уживате во искуството на играње видео игри на повисоко ниво. Со невиден Super Ultrawide широк приказ димензии во обем од 21:9 и 32:9 и надградена Gamebar трака, која постојано ја проверува оптимизацијата на играта и статистиката во реално време, победувајте во уште повеќе игри. Neo QLED телевизорот со Motion Xcelerator Turbo Pro поддржува 4K резолуција со стапка на освежување од 144 Hz.

Видео игрите се исклучително динамични и брзата реакција често ја прави разликата помеѓу поразот и победата. Погрижете се вашите идеи да се реализираат веднаш со режимот за автоматска мала латентност (ALLM) за да ја добиете предноста што ви треба за да победите. ALLM ја намалува појавата на доцнењето на внесувањето, така што дејствието на екранот ќе се случи истовремено со притискање на копчето. Уживајте во играњето со графики кои се движат со незамислива брзина. Со технологијата FreeSync Premium Pro, Neo QLED проактивно ја синхронизира брзината со која графичката картичка создава сликички со правилна стапка на освежување на екранот, намалувајќи го прекинот на сликата.

И кога ќе завршите со работа, тренинг и ќе се заситите од видео игрите, оставете го вашиот Neo QLED телевизор да стане ваш најдобар сојузник. Со апликацијата SmartThings, можете да се опуштите и да се препуштите на вашиот паметен телевизор. Neo QLED може беспрекорно да се поврзува, следи и да управува со вашите уреди. Изберете еден од неколку гласовни асистенти и уживајте во удобноста на вашата сопствена фотелја. Bixby, Amazon Alexa или Google Assistant – кои се вградени во вашиот телевизор подготвени се да ви дадат оптимално искуство за забава.

Samsung Neo QLED телевизорите од сега се достапни во Македонија по препорачана малопродажна цена од 111.399 ден, а повеќе информации можете да погледнете на линкот.

Претходна статијаКинески научници сметаат дека земјата треба да развие заштита против Starlink сателитите од SpaceX
Следна статијаОтворањето на новиот А1 продажен салон во “Капитол Мол” со неповторливи дополнителни попусти за уреди и подароци за посетителите