Фото: Концепт на уред за проширена реалност од Apple, направен од Antonio De Rosa - преку MacRumors

Според познатиот Apple аналитичар Минг-Чи Куо, како и други неофицијални информации, од компанијата планираат да го претстават својот прв уред за проширена реалност идната година, поточно во последната четвртина.

Тоа што привлекува поголемо внимание од оваа најава е тврдењето дека Apple планира да овој уред целосно го замени iPhone за 10 години. Дали корисниците ќе бидат спремни за една ваква промена или Apple планира уште една револуција кај телефоните, ќе видиме изгледа за десетина години.

Првиот уред за проширена реалност ќе работи независно до Mac компјутер или iPhone, што значи дека нема да има потреба да биде поврзан за да може да ја прикажува содржината. Според информациите, овој уред ќе може да прикажува и виртуелна реалност, а за тоа ќе бидат поставени два 4K Micro OLED екрани изработени од Sony.

За да може да ги извршува потребните работи, уредот ќе има потреба од поголема моќ од таа што ја има iPhone, па затоа се верува дека ќе работи на некоја верзија од M1 чипот кој го развива Apple и за кој досега доби одлични оценки.

Се најавува уште еден послаб чип кој би бил поставен само за функционирање на сензорите и поради тоа нема да им потреба да троши поголема енергија.

Apple веќе развива апликации за овој уред, а се најавува дека неговото производство ќе почне во втората четвртина од идната година.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаСКЕЕОР 2021: Поддржани од искуствата и знаењата на стручните кадри, младите со фокус на изнаоѓање решенија од областа на одржливоста на животната средина и енергетската ефикасност
Следна статијаТелеком воведува тарифи со неограничен интернет за прв пат на пазарот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments