„Следејќи ги трендовите, навиките и потребите на корисниците во новото дигитално време, воведуваме тарифи со неограничен интернет. Наша стратешка определба е да ги поврземе корисниците секогаш и секаде и да им овозможиме непречена комуникација. Токму затоа, за прв пат на пазарот, ги претставуваме овие тарифи со неограничен интернет, кој може да се користи засекогаш “. – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

Во Македонија, повеќе од 100 000 семејства користат Magenta 1, најдобриот пакет на интегрирани услуги, којшто постојано се надоградува и се прилагодува според очекувањата и потребите на корисниците. Со новата Magenta 1 Unlimited, оваа понуда добива дополнителна вредност и се очекува да биде најкористениот пакет на пазарот.

Нова и збогатена понуда со неограничен интернет добиваат и деловните корисници во Magenta 1 Business L.

Новогодишна промоцијанеограничен мобилен интернет

Овие празници, најголем подарок е што сме повторно заедно. А за поголемо уживање и споделување на празничните моменти со најблиските, сите нови и постојни корисници на Magenta 1 M и Mobile M ќе можат да активираат неограничeн мобилен интернет за само 1 денар преку апликацијата TelekomMK и да го користат до 31 јануари 2022.

Дополнително, корисниците на новите тарифи Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited можат да искористат и празничен бонус од 22 000 денари за нов смартфон или телевизор по одлична цена со Договор за Фамилијарен буџет.

Со празничната понуда, деловните корисници во Magenta 1 Business добиваат: неограничен интернет, цени намалени за 20% и атрактивен зголемен буџет.

Повеќе информации на www.telekom.mk

Претходна статијаApple ќе го претстави првиот уред за проширена реалност идната година, кој треба да го замени iPhone за 10 години
Следна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 8 Gen 1, наредната генерација од нивната највисока класа на чипови