На настанот којшто Apple го одржа вчера, на кој ги претстави iPhone 15 серијата, Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2, се очекуваше дека ќе биде претставена и нова генерација од AirPods слушалките.

На самата презентација слушалките воопшто не беа споменати, а причината за тоа е што од истите немаше нова генерација.

Сепак, AirPods Pro не останаа без ништо оваа година, па од компанијата ги надгради со USB-C приклучок. Се работи за втората генерација од AirPods Pro кои сега ќе се продаваат само со новата курија за полнење.

Кутијата за полнење ќе продолжи да функционира со MagSafe полначите, како и со други Qi полначи, но сега наместо Lightning ќе има USB-C приклучок.

Нова е и можноста слушалките да се полнат директно од новите iPhone 15 телефони кои исто така за првпат доаѓаат со USB-C приклучок.

За корисниците кои веќе имаат вакви слушалки оваа и не е некоја посебна новина, но тука е предноста од можноста сега да се користи само еден кабел за полнење на повеќето уреди на корисникот.

AirPods Pro добиваат и делумна надградба, односно новини, кои се поврзани со iOS 17. Тие вклучуваат функции како прилагодлив звук кој автоматски одлучува дали да се користи придушување на бучавата или да се дозволи звукот да помине.

Исто така, AirPods Pro добиваат можност за автоматски вклучување на Transparency режимот секогаш кога корисникот ќе почне да разговара со некого.

Претходна статија„Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм
Следна статијаУНДП: Прескокни ги лажните информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.