Изгледа дека на фитнес уредите им нема крај по неодамнешно-развиената хистерија околу здравиот живот. Како што веќе пишувавме во текстовите од статиите во претходната реченица, постојат еден куп алатки, апликации и уреди кои можат да ви помогнат да си го подобрите здравјето и општата благосостојба.
Секако, сето тоа можете да го направите и на своја рака, но добро е да има со нешто да ги следите резултатите и да знаете точно до каде сте. Веќе пишувавме за тоа како компанијата Withings сака да ви помогне со спиењето, но тие исто така имаат и уреди (алки) за следење на фитнес активностите.
Најновиот се вика Activité Steel и се работи за уред кој има одличен изглед, но и одлични функции. На него можете да ги начекате следните функции:
- следач на активности поврзани со одење и трчање;
- следење на пливање;
- тивок аларм преку вибрирање на алката;
- следење на сонот и паметен аларм;
- батерија која со едно полнење трае 8 месеци
Самата нараквица е дизајнирана и опкружена со нер`ѓосувачки челик, изгледа феноменално и може да послужи и како типичен рачен часовник. Впрочем, видете ја погорната слика за да ви стане јасно за што зборуваме.
Activité Steel ќе има цена од околу 170 долари, што не е евтино, но за тоа што го добивате е поевтино од некои „премиум“ уреди изработени во пластика.
Извор: PC Mag, Android Central