NANOSUB_1200-770x578

Реј Курцвејл рече – нека бидат нанороботи кои ќе можат да пливаат низ нас и да не` лечат. Пред десеттина години ретки беа тие кои му веруваа, а повеќето му се смееа. Сепак, испадна дека човекот знаел што зборува.

Имено, човештвото само што успеа да создаде наноподморница и тоа таква, направена само од еден и единствен молекул. Таа е дело на тим на научници во кој спаѓа и Џејмс Тур, научник која исто така гради и минијатурни молекуларни возила со тркала кои се вртат. Не се знае уште колку чинат алуминиумски бандажи за нив.

Шала на страна, новата подморница работи на енергија добиена од УВ зраци. Кога ќе ја добие таа почнува да патува со екстремно голема брзина. На нас можеби 2,5 сантиметри во секунда ни се чинат како смешна брзина, но за подморница направена од 244 атоми тоа е огромно растојание.

Се` уште не постои начин да се управуваат овие подморници, но уште сега од нив треба да ве полазат морници. Замислете ситуација каде пиете едно апче кое е составено од нано-роботи. По стигнување во организмот тргнуваат во поход против сите непријатели, уништувајќи вируси и бактерии, клетки заболени со рак, чистејќи нечистотии и лоши производи од клетките, заменувајќи клетки каде што е потребно, надградувајќи и создавајќи нови неврони во мозокот и на други места…

ОК, тоа е утопијанската верзија. Сега со дистопијанската – фундаментални терористи на иднината создаваат самокопирачки нано-машини кои како биолошко оружје влегуваат во живиот свет и го уништуваат, вклучувајќи нормално и луѓе. И тоа без тие воопшто да знаат што ги снашло.

Засега останува да се радуваме што овие нано-подморници се посмотани и понеспособни дури и од најобичен компјутерски вирус.

Извор: PopSci, Futurity, News Max

Претходна статијаActivité Steel – Нов фитнес следач од Withings
Следна статијаНаследниците на Google Glass се прилично различни