ZEF-table-965x644

Лето е, а на лето климите ги ставаме на максимум за да го изладат домот и да не се „свариме“ живи во собата. Во зима слично, но обратно – климата е активирана да грее, трошејќи енергија. Ова секако ги зголемува сметките за струја. Што би рекле ако ви кажеме дека постои начин како да ги намалите сметките, а да одржувате пријатна температура (не, не се работи за изолација)?

Се работи за ZEF Climactic Table, специјален тип на маса направена од француски дизајнери која делува како еден вид на апсорбционо тело во собата. Се работи за дрвена маса изработена од дабово дрво, а под него има алуминиумски листови во форма на ребра и топчиња од восок кои се наоѓаат во ребрата.

Целта на топчињата е да апсорбираат топлина или ладнина од околината како разлика на температурата, особено на топлина и ладнина кои би биле „фрлени“ на неупотребен простор и практично се потрошена енергија без причина. Со тоа овозможуваат одржување на пријатна температура бидејќи таа енергија сега веќе не е залудно потрошена, туку нејзините ефекти (топло или ладно) се абсорбирани во масата која потоа делува заедно со клима-уредот за полесно одржување на пријатна собна температура.

Алуминиумските листови во ребра се со цел да го распоредуваат апсорбирањето и емитувањето на енергија преку целата долна површина на масата рамномерно. Со помош на ZEF Climactic Table без додавање на дополнителни уреди кои трошат енергија или создаваат звучно загадување ќе одржувате полесно пријатна собна температура и ќе ги намалите сметките за струја.

Извор: Gizmodo, PSFK, ZEF-Design

Претходна статијаSamsung патентираше начин за мерење на телесните масти преку мобилен телефон
Следна статијаMi Water Purifier – Прочистувач за вода од Xiaomi