Samsung Body Fat patent screenshot-970-80

Сите ги знаеме придобивките на здравиот живот. Редовното вежбање, пешачење на барем 10.000 чекори дневно, јадењето сурова, непржена храна и помалку јаглехидрати (особено обработени прости шеќери како чоколади, колачи, леб и слично) придонесува за значајно подобрување на нашето здравје, нашите психофизички способности и успехот во другите полиња.

Сепак, не секогаш можеме да ги контролираме успесите на полето на здрав живот и исхрана ако не можеме редовно да измериме „до каде сме“. Да, постојат програми со кои можеме да мериме колку чекори правиме дневно (наша препорака: Accupedo за Андроид и iOS), и разни фитнес следачи со кои можете да следите срцева активност, потрошени калории, чекори, како спиете, но често тоа не е доволно.

На пример, не постои лесен начин да се измери процентот на телесни масти кои ги имате освен со специјални мерачи кои не се евтини, или преку начини кои немаат доволна прецизност. Барем досега. Со најновиот патент со кој се стекна Samsung тие патентираа техника на користење на вашиот преносен уред за мерење на телесните масти преку мерење на електричниот отпор на телото.

samsung-weight-detection-patent

Имено, идејата е да го земете телефонот на кој има електрични сензори во двете раце, и да ги испружите напред. Потоа го спуштате телефонот надоле, а тој цело време го мери електричниот отпор на телото. Бидејќи различните телесни составни материи како маснотии, мускулни влакна, коски итн. имаат различен електричен отпор, со ваквата техника може да се измери количеството на телесни масти (ако предходно се внесат други потребни информации како висина, тежина и така натаму).

Во секој случај сме на пат за имање на понапредни фитнес алатки кои ќе ни овозможат да живееме поздраво и поактивно.

Извор: Engadget, VentureBeat, TechRadar

Претходна статијаРазмислувајте паметно, професиите на иднината се програмери, инженери и дизајнери
Следна статијаZEF Climactic Table – Маса-регулатор на собната температура без потрошена дополнителна енергија