mi-water-purifier

Xiaomi, кинеската компанија која за половина децена направи „партали“ на пазарот за преносни уреди и друга потрошувачка електроника. Веројатно сите ги знаеме, како и нивните одлични уреди (инспирирани од Apple во дизајнот) како Mi5, Mi TV 2, Yi (конкурент на GoPro), Mi Note, и други.

Xiaomi веќе некое време покажуваше тенденција да навлезе во други пазари, а со Mi Water Purifier делумно се остварува тоа. Имено, се работи за прочистувач за вода кој може да се поврзе со вашиот преносен уред за следење на состојбата на водата и квалитетот на чистењето.

Во Mi Water Purifier има повеќе типови на филтри кои по пат на обратна осмоза (ОО) ја прочистуваат водата од разни нечистотии, загадувачи и слично. Во склопот на филтери постои јаглероден филтер кој го уништува мирисот и неприкладната боја во исто време додека го подобрува вкусот. ОО филтерот пак задржува метали, бактерии, седименти, прашина, `рѓа и други органски супстанции.

Mi_640-624x351

Со помош на апликација на преносниот уред Mi Water Purifier ќе ви каже кој е квалитетот на водата кој го добивате и кога е време да го смените филтерот. Уредот работи на принцип 1:1, што значи супербрз проток на вода без воопшто никаков застој, барем според кажувањата на производителот.

Уредот е со димензии 20,5 х 26 х 41 цм. и се сместува во вашата кујна каде неуморно работи да ви достави почиста вода. Со тврдата скопска вода еден ваков уред дефинитивно е добредојден во секое домаќинство.

Извор: Firstpost, IBTimes

Претходна статијаZEF Climactic Table – Маса-регулатор на собната температура без потрошена дополнителна енергија
Следна статијаОтворена реновирана Телеком продавница на Бит-пазар