Кинеската ракета наречена Long March беше денеска лансирана надвор од атмосферата на Земјата, носејќи го со себе кинескиот модул Чанг 5-Т1 модулот кој по лансирањето ќе почне да паѓа накај Земјата. Лансирањето на модулот е со цел да се тестира истиот како и ракетата Long March за идната месечева кинеска мисија која треба да се реализира во 2017 година.

Но заедно со Чанг модулот кинеската ракета носи уште еден модел на Луксембуршката приватна компанија LuxSpace, кој се вика 4М (Manfred Memorial Moon Mission). Овој модул ќе има задача да сврти круг околу Месечината и да испраќа радио сигнали кои, самата компанија ги поканува сите радио аматери и заинтересирани, да ги снимат и декодираат. Со тоа оваа мисија ќе биде првата приватна мисија до Месечината т.е. неостварена од некоја владина вселенска агенција. 4М модулот ќе испраќа сигнали се дури има енергија која ја добива од сончевите панели монтирани на него. Се очекува модулот да праќа сигнали 8 дена по што ќе започне со враќање кон Земјата, и ќе има 90% шанси да влезе во атмосферата на Земјата. Во останатите 10% може да настане интересна траекторија на модулот кога не би се знаело каде точно би бил насочен.

Инаку кинеската мисија која се тестира со другиот модул, треба да се оствари во 2017 година и ќе има задача да слета на Месечината, да собере примероци од почвата и камењата и да се врати на Земјата без да има луѓе кои би го извршувале сето ова т.е. ќе биде целосно автономна и автоматизирана.

Извор: Engadget, Luxspace

Претходна статијаНано влакна од коноп како електроди наместо графенот
Следна статијаFacebook ја претстави Rooms за iOS, мала огласна табла за вашите интереси