rooms-wordmark

Facebook, поточно Facebook Creative Labs, оваа недела претстави нова апликација за корисниците на iOS, наречена Rooms. Оваа апликација е еден вид на огласна табла, форум на кој што можете да објавувате работи како дел од вашите интереси. За објавување на нешто, односно креирање на посебна „соба“ не е потребно да се најавите со некоја сметка, а исто така не мора да го користите вашето име. Тоа ја прави оваа апликација анонимна, па зависно од темата на собата, можете да изберете да користите различен прекар, а се разбира и вашето вистинско име доколку сакате.

Собите можат да бидат составени од слики, видеа и текст, а темите можат да бидат било какви, односно се што сметате дека е интересно за разговор, дебата и мислења. Од Facebook даваат пример дека досега се направени соби за храна, паркур, битбоксинг и слично.

rooms-screens

Како креатор на соба вие сте во контрола на нејзината содржина и се што се случува во неа. Како администратор на соба можете да го менувате лајк копчето со ваш текст и икона, можете да ја менувате главната слика, боите, да закачувате пораки, да ги одредувате пермисиите на секој од приклучените членови, како и дали содржината од собата може да биде линкувана од некоја друга страна.

Во основа Rooms е апликација преку која што можете да отворате дискусии, да добивате мислења и слично на разни теми кои што ги сметате за важни и интересни, без притоа да мора да го покажете вашиот идентитет. Се разбира овој концепт не е револуционерен и има голем број на сервиси на интернет каде што би можеле ова да го правите. Меѓутоа, Rooms е апликација која што е наменета првенствено за мобилните уреди и е специјализиран за конкретен начин на работа.

Извор: Facebook, The Verge, VB

Претходна статијаЗапочнати се припремите за првата приватна мисија до Месечината
Следна статијаГлен Гринвалд објаснува зошто нему му е важна приватноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.