xtitrifancrop

Авионите се прилично ефикасни за далечни патеки бидејќи „пловат на воздухот“ и користат механизам кој им овозможува да поминуваат големи растојанија со пристојна потрошувачка на енергија. За жал им требаат најчесто километарски писти за да полетаат, кои зафаќаат огромни простори. Од друга страна хеликоптерите можат да полетаат од место и да се движат и застануваат во воздухот по желба, но нивната автономија поради ваквиот дизајн е ограничена и потрошувачката на енергија е прилична. Што велите за комбинација од двете?

ieSGTVw

Токму тоа го предлага компанијата XTI со својот најнов концепт на авиокоптер наречен Triton 600. Се работи за авион кој на себе има три потисни турбини кои пак можат да се свртат околу одредена оска. Со тоа тие (ќе) овозможуваат Triton 600 да полета од место, а потоа да лета како стандарден авион со споредливи брзини.

Според планот, тој ќе може да постигне брзина на крстарење за 90 секунди и ќе има автономија од 1.930 километри. Кога ќе слетува ќе ја започне обратната процедура т.е. двете потисни турбини ќе се прилагодат, ќе ја намалат брзината на авиокоптерот и ќе се свртат надоле за да му дозволат да слета во место без да му треба долга писта.

Засега Triton 600 е само концепт, но XTI активираше кампања за колективно вложување која нуди акции во замена за влог. Инаку, на СмартПортал и предходно имаме пишувано за авиокоптери, на пример, концептот на NASA.

Извор: IFLScience, Design Boom, PopSci

Претходна статијаВештачката интелигенција со мајсторски сликарски способности
Следна статијаPolaroid Snap камерата инстантно печати фотографии, чини само 99 долари