Популарноста на електричните автомобили е огромна, а слободно може да се каже дека и нивната достапност веќе е на доста задоволително ниво. Достапноста, а со тоа и процентот на целосно електрични автомобили може да се очекува доста брзо да порасне во годините што следат, а еден од клучните фактори кој ќе влијае на тоа е секако достапноста на места за полнење.
Volkswagen како производител кој сериозно се префрла на пазарот на електрични автомобили, развива решение кое ќе го олесни полнењето на автомобилите во катните или подземните гаражи, без потреба од поставување на посебни паркинг места за таа намена.
Моментално без комерцијално име, „mobile charging robot“ автоматски ќе ги полни автомобилите, а возачот се што треба е да го побара тоа, а како што е прикажано во видеото подолу, потребна е мобилна апликација и ниво на надополнување.
Мобилниот робот полнач би носел посебна единица за полнење до возилото, по што тој самиот ќе ја приклучи и ќе ја остави да го полни тоа возило. Во меѓувреме роботот е слободен да се врати на главната станица за полнење и да услужи, односно однесе друга станица за полнење кај друго возило.
Концептот се’ уште е во развој, а од Volkswagen истакнуваат дека одреден дел ќе почне да се користи уште следната година, додека целосниот роботизиран систем ќе се развие во годините што следат.